ЦЕЛ

Информациите објавени на оваа веб страна се од информативна природа. Таа дејствува како интерактивна алатка која прикажува тарифни модели и тарифни пакети понудени од оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и даватели на јавни електронски комуникациски услуги (во натамошниот текст: Оператори) кои се наменети за крајните корисници. Резултатите прикажани на оваа веб страна се од информативен карактер. За целосни и потполни информации за одреден тарифен модел или тарифен пакет Ве молиме да контактирате со релевантниот Оператор.

Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст: Агенцијата) согласно Законот за електронските комуникации, член 95 став 2 и 3 објавува податоци со кои ќе им овозможи на корисниците да направат слободен избор на комуникациски услуги врз основа на квалитетот и цените на услугите. Целта е да им се овозможи на крајните корисници преглед на понудите помеѓу различни оператори за да направат избор врз основа на нивните потреби. За евентуалните неусогласености меѓу информациите објавени на веб страната на Агенцијата и понудата на еден Оператор ве молиме да не известите преку електронска пошта на адреса tarifi@aec.mk.

ОПШТИ УСЛОВИ

1.      СОДРЖИНА

Сите информации добиени преку оваа веб страна се само за информативни цели. Агенцијата не одговара за точноста на објавените информации или веб страна посочена од трети лица, вклучувајќи ги веб страните на сите оператори.

Информациите објавени на оваа веб страна може да отстапуваат од моменталните податоци. Корисниците се охрабруваат да ги разгледаат информациите за конкретната понуда директно кај операторот. За подетални информации во врска со некој од тарифните модели треба да контактирате со операторите. Податоците за тарифните модели на оваа веб страна се поставени од страна на операторите, така што оваа содржина останува во целост одговорност на операторите.

2.      ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

Агенцијата не сноси одговорност за било каква штета настаната кај корисниците при користењето на оваа веб страна .

Ова исклучување од одговорност на Агенцијата се однесува на содржината, авторските права и политиката на приватност на надворешните интернет страни кои ги пренасочиле корисниците до оваа веб-страна, како и веб-страни кои ги пренасочуваат корисниците од оваа веб-страна до други страни за кои Агенцијата не одговара.

3.      ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Информациите, содржините, графичките слики, текстот, сликите, трговските марки и логоа објавени на оваа веб-страна се заштитени со Законот за авторското право и сродните права, Закон за индустриска сопственост, Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост и други закони со кои се регулираат вакви и сродни права, и не смеат да се користат во маркетинг цели. Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците, одржување на содржината и функционалноста на порталот како и развој на можности за поквалитетно давање услуги. Агенцијата ги користи информациите за некомерцијални цели. Со користење на страната поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини, а за нивна понатамошна употреба мора да се усогласите со носителите на правата.

4.      ПРОМЕНИ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ

Агенцијата го задржува правото на промена во било кое време на општите услови на начин што ќе ги објави на веб страната. Продолжувајќи со користење на оваа страна, според објавените промени, и давање на согласност од ваша страна, се смета на вашата согласност и на Општите Услови објавени со сите промени.

СУДСКА ЗАШТИТА

Исклучива надлежност за решавање на споровите во рамките на овие Услови и правила имаат судовите во Република Македонија.

ПРЕСТАНОК НА ВАЖНОСТ

Ако било кој дел од овие Услови се покаже како незаконски, неважечки или неприменувачки, истите тие ќе бидат избришани, а останатите услови ќе останат непроменети и ќе продолжат да важат полноправно, и ќе продолжат да бидат обврзувачки и применливи.