Печати

Нејонизирачко зрачење

Елeктромагнетните бранови, според јачина на енергија и фреквенција, се делат на две категории: јонизирачки и нејонизирачки.

Јонизирачките зрачења содржат доволно енергија за да ја променат структурата на атомот,  односно да избијат еден или повеќе елктрони од неговата орбита и да создадат позитивен и негативен јон.

Нејонизирачките зрачења не содржат доволно енергија и доволно висока фреквенција за промена на структурата на атомите. Последиците од нејонизирачките зрачења се само термички и доколку настане тој ефект за многу кратко време, ефектот исчезнува и не остава трајни последици како јонизирачките зрачења.

Во услови на експанзија на современите телекомуникациони системи базирани на безжичен пренос, неопходно е сеопфатно да се согледаат биолошките ефекти на електромагнетното зрачење во РФ и микробраново фреквенциско подрачје и низ законска регулатива да се обезбедат соодветни мерки на заштита на сите категории на население.

Брзиот развој на безжични телекомуникациски системи и либерализација на телекомуникацискиот пазар доведоа до поставување на голем број на станици кои емитираат електромагнетни бранови од РФ и микробрановиот дел од радиоспектарот, како што се базни станици за системите за мобилна коминикација, примопредавателни станици за микробранови линкови(радиорелејни врски), радиодифузни предаватели итн. Голем број од овие станици се поставен во рамките или во близина на населени места така да сите структури на население се изложени на РФ и микробраново зрачење.

Простирањето на електромагнетните бранови низ биолошките ткива се разликува од простирањето низ слободен простор.

Со оглед на јако нехомогениот состав на човечкиот организам, доаѓа до неуниформирана депозиција и дистрибуција на енергијата на електромагнетните полиња внатре во телото.Поради тоа, најчесто, за опишување на распределбата на енергијата во телото се користи големина под името SAR(specific energy absorption rate)  која се изразува во W/kg и која ја каректеризира апсорпцијата на енергијата во ткивото.Развиени се повеќе модели и методи за проценкана просторната распределба и средната вредност на SAR во човечкото тело.

Загревање на ткивото предизвикано од апсорпција на енерфија од РФ полиња(хипертермија) е значаен ефект, кој е недвосмислено докажан. Благо зголемување на температурата на ткивото до одредена мерка може да се компензира со природнни терморегулациони механизми, но понатамошно  зголемување на температурата доведува до оштетување на ткивото. Повеќето стандарди денес се базирани потребата од заштита од штетните термички ефекти до кои доаѓа при релативно кратка (акутни) изложеност на јаки РФ полиња.

 

 

Општа популација

Професионални работници

SAR за цело тело

0.08 W/kg

0.4 W/kg

SAR за ткиво, глава или труп со маса 10 g

2 W/kg

10 W/kg

SAR за ткиво, екстремитети со маса10g

4 W/kg

20 W/kg

 

ICNIRP референтни нивоа за изложеност на општа популација(население) на електромагнетно поле за опсег на фреквенции од 10 MHz до 300 GHz

Фреквенциски опсег

Јачина на електрично поле(V/m)

Јачина на магнетно поле(
A/m)

Густина на снага(W/m-2)

10-400 MHz

28

0.073

2

400-2000 MHz

1.375f1/2

0.0037f1/2

f/200

2-300 GHz

61

0.16

10

Денешните стандарди за максимално дозволени нивоа на изложеност на РФ зрачења во поголем број од државите се базирани на елиминација на ризикот од термички ефекти, кои главно се врзани со акутно изложување на виоки нивоа на апсорбирана енергија од електромагнетни полиња

За да се дојде до дефинитивни заклучоци за биолошките ефекти после долготрајна изложеност на зрачења од безжични системи потребни се мултидисциплинарни истражувања од стручни лица од областите на телекомуникации, електромагнетика, физика, биологија, медицина, заштита на човековата средина и слично, со заеднички напори и искуства од научни тимови од светот. Од посебно значење се долгорочните епидемиолошки студии, со оглед на долгата евалуација на некои заболувања, пред се канцерогени. Доколку науката ги објасни механизмите на нетермичките ефекти и недвосмислено докаже на причино-последичната врска на овие ефекти со појава на заболувања кај луѓето, стандардите за изложеност на зрачења ќе мора, секако, да се модифицираат во насока на понатамошно снижување на дозволените нивоа.

За населението најбитна е информацијата за густината на енергија со која е оптеретен нивниот простор, а тој зависи од карактеристиките на антените, нивната положба(висина и наклон), динамиката и нивоата на користење на базните станици и положбата на просторот(кој се истражува) во однос на антените.

Повеќе информации на следните линкови:

http://www.cenelec.eu/

http://www.icnirp.de/

http://www.who.int/en/

http://www.iarc.fr/

За мерењата

Мерењата се извршени согласно  CELENEC  стандардите EN 50383, EN 50400, EN 50492, EN 50413,  а граничните вредности се според ICNIRP “GUIDELINES FOR LIMITING EXPOSURE TO TIME-VARYING ELECTRIC, MAGNETIC, AND ELECTROMAGNETIC FIELDS” (UP TO 300 GHz), а според насоките на Европската комисија  199/519EC.