Статии

Печати

Соопштение за достава на стандардни претплатнички договори

Се известуваат сите оператори, нотифицирани во службената евиденција на Агенцијата за електронски комуникации дека имаат обврска да достават до Агенцијата на одобрување најдоцна до 05.04.2015 година, стандарден претплатнички договор усогласен со одредбите од Законот за електронските комуникации (Службен Весник на РМ бр.39/2014, 188/2014 и 44/2015) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации ("Службен весник на Република Македонија" број 16/2015) за услугите за кои се нотифицирани.
Оваа обврска произлегува од утврденото во член 55 став (1) точка а) алинеја 4 и член 8 став (13) од Законот за електронските комуникации (Службен Весник на РМ бр. 39/2014, 188/2014 и 44/2015), а во согласност со член 58 став (1) од Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации ("Службен весник на Република Македонија" број 16/2015).
Воедно, се информираат сите оператори дека непостапувањето по оваа обврска е казниво согласно член 182 став (5) од Законот за електронските комуникации (Службен Весник на РМ бр. 39/2014, 188/2014 и 44/2015) односно глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако на барање на Агенцијата не и ги достави информациите на ниво на деталност или во рокот утврден во барањето (член 55 став (4)) од Законот за електронските комуникации (Службен Весник на РМ бр. 39/2014, 188/2014 и 44/2015) и глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорото лице во правното лице и на трговец поединец за претходно наведениот прекршок.

За дополнителни информации Агенцијата за електронски комуникации Ви стои на располагање.


Агенција за електронски комуникации